Либерти имаат резервен план за Холандското Гранд При

Комерцијалниот шеф на Формула 1, Шон Брачес, откри дека имаат резервен план доколку организаторите и промотерите во Холандија не стигнат на време со подготовка на Гранд При трката во Зандворт.

Многумина се возбудени од враќањето на Формула 1 во Холандија особено по огромната поддшка која Макс Верстапен ја има од своите сонародници на секоја трка. Промотерите веќе најавија дека настанот следната година е распродаден.

Проблемите во реновирањето и работите крај патеката полека се решаваат, но загрижените за животната средина и природата се решени да ги сопрат градежнит еработи.

не ги знам сите точни детали и законските пречки, но сметам дека луѓето во холандија ќе знаат соодветн ода ги решат проблемите. јас верувам во нив – изјави брачес за холандската програма Nieuwsuur.

Поради дозата на несигурност, Брачес откри дека тие имаат резервен план со цел да го испочитуваат договорениот календар од 22 трки следната година.

секако дека имаме план б, имаме различни опции доколку ни се укаже потреба од нив. но во моментов имаме договор со зандворт и сакаме истиот да се оствари. јас сметам дека ќе има холандско гранд при во мај и истото ќе биде одлично.

Секако дека како прва замена на памат паѓа конкурентскиот Асен.

сеуште имаме добри односи со луѓето во асен, тоа е добра и убава патека со добра репутација. можеби ќе се тркаме и таму некогаш – посака шон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ