Ф1 продолжува на ЕСПН до крајот на 2022

Формула 1 потврди дека во Соединетите Американски Држави преносите од тркачката серија ќе продолжат да се емитуваат на ЕСПН минимум до крајот на 2022 година.

Спортот премина од НБЦ на ЕСПН пред почетокот на минатата сезона, нешто што се покажа како полн погодок за “Н“ откако просечната гледаност лани беше 561 илјади гледачи, а сезонава 671 илајди гледачи.

Новиот тригодишен договор на мрежата со Формула 1 значи дека трките ќе продолжат да се пренесуваат на ЕСПН, ЕСПН2 или АБЦ додека тренинзите и квалификациите исто така во живо на различните платформи.

Договорот на ЕСПН со Скај Спортс исто така ќе продолжи така што американците ќе имаат можност да гледаат и Формула 2, Формула 3 и Порше Суперкуп како поддршка на врвната серија.

Новина е тоа што ЕСПН Депортес ќе биде каналот каде преносите ќе бидат на шпански јазик и тоа ќе биде официјален канал во америка на луѓето од шпанско говорно подрачје.

нашето партнерство со еспн донесе 19% зголемена гледаност во америка и воодушевени сме што ќе можеме да ја продолжиме соработката до 2022 година.

соединетите американски држави се еден од нашите главни фокуси, а еспн ја знае и разбира американската публика како никој друг – изјави задоволниот комерцијален шеф на спортот, шон брачес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ