Бриаторе: Возачите не се исти како порано

Флавио Бриаторе, поранешниот тимски шеф на Бенетон и Рено, смета дека денешните Формула 1 возачи не се исти како во годините кога тој беше активен во спортот.

Последниет вести велат дека дон Флавио му помогнал на Фернандо Алонсо да го осигура своето место во фабричкиот тим на Рено за слената тркачка сезона.

задоволен сум што фернандо ќе се врати. заедно работевме на тоа, на неговото враќање затоа што ние сме блиски како семејство – изјави бриаторе за Antena 3.

Тој се присетува дека веднаш го препознат талентот на Алонсо штом го видел како тинејџер и смета дека има огромни разлики помеѓу денешните возачи и оние од минатото.

се е променето од времето кога јас бев во формула 1. возачите не се исти и ако не ги видите во тркачки одела не може ни да ги препознаете.

претходно беа маркантни ликови со многу борбен дух, а сега се е многу поарганизирано, како во аптека.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ