Бриаторе добива советничка улога во Ф1?

Се појавија нови шпекулации, кои тврдат дека поранешниот тимски шеф на Рено и Бенетон, Флавио Бриаторе, ќе се врати во Формула 1 во советничка улога.

Италијанецот e надвор од Формула 1 од 2009 година по скандалот во година претходно, откако беше прогласен за виновен за манипулирање на Големата награда на Сингапур истата година, кога тој заедно со технолошкиот шеф на тимот, Пет Симондс му нареди на својот возач, Нелсон Пике Јуниор, намерно да го удри својот болид и да динесе безбедносно возило на патеката кое ќе му помогне на тимскиот колега Фернандо Алонсо да победи на трката.

Шпанецот уредно победи на трката, но откако беше отпуштен од тимот следната година, Пике откри што се случило, а истрагата од страна на ФИА следеше со суспензија на Бриаторе и Симондс од страна на ФИА, но подоцна во 2010 година, нивните забрани беа укинати за крајот на 2012 година.

Бриаторе одтогаш немаше улога во Формула 1, освен што беше менаџер и доверлив човек на Алонсо, додека Симондс повторно се појави во Вилијамс како технички директор помеѓу 2014 и 2016 година, пред да се приклучи на Формула 1 работејќи заедно со Рос Браун, играјќи клучна улога во развојот на овогодинешните технички прописи.

Според Де Телеграф, Бриаторе треба да се врати во Формула 1 во советодавна улога, а холандското издание, исто така, го цитираше портпарол на Формула 1, кој вели:

Флавио Бриаторе, во својство на долгогодишен амбасадор во Формула 1, ќе продолжи да не поддржува во градењето на нашите односи со постоечките и потенцијалните промотери и партнери и развивање комерцијални и забавни партнерства за да можеме да продолжиме да го развиваме овој неверојатен спорт.

Бријаторе објави на социјалните мрежи минатиот Октомври, видео од состанокот со извршниот директор на спортот, Стефано Доменикали, по што раскошниот италијанец рече:

Нова енергија, нова моќ и нова возбуда во Формула 1.

Доменикали додаде:

Затоа останете присутни, следува многу забава за следната сезона во Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ