Бриаторе до Алонсо: Нема повеќе точак, ќе те заклучам во гаража

Флавио Бритаоре, клучен дел од менаџерскиот тим на Фернандо Алонсо, се закани дека ќе го заклучи возачот во гаража доколку повторно се обиде да вози со својот велосипед, а по скорешната несреќа која ја имаше со истиот.

Шпанецот се враќа во спортот по две години минати надвор од него, а на почетокот од овој месец беше хоспитализиран поради тоа што беше удрен од автомобил додека возеше во близина на својо швајцарски дом во Лугано. Имаше среќа и заврши само со фрактура ид вилицата и корективна операција.

фернандо е физички одлично подготвен и покрај скорешната несреќа. секој ден разговарам со него и секогаш му велам да престане да вози велосипед затоа што е многу опасно.

му велам дека ако сака толку да вози велосипед, нека оди со планински, само не по улица. јасно му кажав дека ако не престане со тој точак, ќе го заклучам во гаража, во подрум.

но, фер фернандо е многу фит и многу, многу мотивиран. двете години надвор од формула 1 му дојдоа одлично затоа што е повторно мотивиран особено додека вози со можност да победи. повеќе не е фрустриран како порано кога беше на опашката.

верувам дека ако ставите 6-7 возачи во болид на мерцедес, сите тие ќе имаат шанси за титула затоа што нивниот болид е толку доминантен без оглед на квалитетите на возачот – смета бриаторе.

Со повредите и операцијата, се стави под знак прашалник пдоготвеноста на Нандо да го одработи предсезонскиот тест, па и првата трка, но дон Флавио е убеден дека Алонсо ќе се движи согласно распоредот.

зборува нормално, а единствен проблем му се забите кои ги скрши. имал среќа затоа што точакот може да биде многу опасен.

имаше навистина голема среќа, господ го чувал. денеска зборуваше нормално, до вчера не беше така поради маската и мразот на лицето. се опоравува целосно.

удри во автомобил и имаше среќа. се сеќавате што се случи со ники хејден, марк вебер и алекс занарди, немаа среќа, но тој имаше. ќе го видиме на првиот тест, сигурно ќе биде таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ