Бриаторе му помогнал на Алонсо да се врати во Рено

Флавио Бриаторе тврди дека бил дел од враќањето на Фернандо Алонсо во Рено наредната сезона. 

По пауза од две години од Формула 1, Алонсо се враќа наредната година како замена за Даниел Рикардо во Рено. Ова е трет пат како шпанецот ќе биде дел од Рено откако во првата соработка освои две титули со тимот. 

Бриаторе беше на чело на тимот се до моментот кога стана злосторник во Формула 1 по нарачаниот судар на Нелсон Пике Јуниор во Сингапур што му помогна на Алонсо да победи на трката. По ова тој доби забрана за работа во Формула 1. 

Работиме заедно. Работевме да се врати тој во Ф1. Ова се големи вести за Фернандо во Рено. Тој е моја фамилија и имаме постигнато многу заедно. Имаме одлични спомени. Возбуден сум што се враќа бидејќи е еден од најдобрите возачи во светот. Тој е навистина брз и е многу мотивиран. 

Бриаторе ќе наполни 70 години во април беше хоспитализиран со коронавирус кон крајот на август. 

Имаше многу озборувања во медиумите. Но закрепнав и не умрев. Тоа што не умрев е одлично. Ковид-19 е ужасен но за мене беше како пневмнонија. Бев отпуштен од болница по 5 дена и бев уште три недели во карантин во домашни услови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ