Бриаторе најавува: Корона вирусот може да биде победен

Флавио Бриаторе смета дека пандемијата со корона вирус која го зафати светот оваа година може да биде победена.

Поранешниот шеф на Бенетон и Рено ја даде оваа изјава откако и самиот се опорави од инфекцијата со вирусот во една болница во Милано.

не сакам да ја игнорирам болеста, но лани многу се разболев и имав пневмонија. бев однесен во сан рафаеле болницата тогаш и ми беше навистина многу лошо, но тоа е неспоредливо со последните 24 денови.

бев три – четири денови во болница, а потоа бев на домашно лекување во куќата на политичарката даниела сантанче. чувствувам дека имам должност да зборувам за моето искуство затоа што сфатив дека ковид може да се победи, а психолошка хистерија не смее да има – вели дон флавио.

Кусо пред неговата хоспитализација во Милано, неговиот познат Billionaire клуб на Сардинија беше центар на ковид кластер, а 60 негови вработени беа инфицирани. Тогаш тој изјави дека се работи за напад на Италијанската влада врз него со цел да се одвлече вниманието на јавноста од реалноста.

од ковид се оздравува, секако дека ме направи ранлив, но може да се излечам. бев болен два дена, а останатото беше како настинка. корона вирусот е огромен проблем, но во италија има и поголем проблем во зависта, љубомората, нетрпението и злото.

дури и кога на вести има нешто позитивно, политичарите се трудт тоа да го направат негативно.

нашата борба е да се вратиме на работа и да живееме нормален живот осигурувајќи се дека вирусот нема да ни смета. мораме да следиме правила кои се поставени од докторите вклучително и осење маски, миење раце, одржување на дистанца, но мораме да продолжиме да живееме.

на вирусот треба сериозно да му се спротиставиме, но економијата мора да продолжи како и решавањето на останатите проблеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ