Ковалаинен: Отпуштањето на Бриаторе беше моја најголема грешка

Finecot Хеики Ковалаинен признава дека неговата кариера во Формула 1 можеби била скратена затоа што се разделил со Флавио Бриаторе.

40-годишниот финец некогаш беше еден од најперспективните младинци во Формула 1, откако првично дебитираше за Рено под раководство на Бриаторе, пред да биде потпишан од Мекларен како тимски колега на Луис Хамилтон кој ја освои титулата во 2008 година.

Но, Ковалаинен потоа го раскина својот менаџерски договор со Бриаторе кон крајот на 2009 година, кога Бриаторе доби забрана да биде дел од Формула 1 поради скандалот “Крешгејт“.

Тоа беше најголемата грешка во мојата кариера – изјави Ковалаинен.

Дефинитивно ќе вредеше да останеме на истата страна од масата со Флавио, наместо да се спротиставуваме.

Навистина, неговиот следен потег по Мекларен беше во тимот на Лотус-Катерхем, кој се покажа како еден од најбавните на гридот додека не пропаднаа целосно.

Кога мојот договор со Мекларен завршуваше и морав брзо да добијам нов договор. возачите со кои раководеше Флавио немаа супер лиценца во тој момент.

Да чекав до Јануари следната година, на Флавио ќе му беше преиначена казната и ќе можеше да се врати во Формула 1 – призна финецот.

Да, Флавио можеше да направи подобри зделки за мене, а тој ги направи најдобрите зделки во мојата кариера пред таа епизода.

Ковалаинен сега се фокусира на градење на својата рели кариера, која досега во Јапонија беше успешна.

Сега сум 100 проценти фокусиран на релито. Уживам да гледам WRC, во денешно време останувам буден цела ноќ и ден гледајќи ги трките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ