Бриаторе го советувал Алонсо да потпише за Астон

Поранешниот шеф на Бенетон и Рено и долгогодишен менаџер на Фернандо Алонсо, откри дека го советувал двократниот првак да потпише за Астон Мартин откако видел какви инженери доаѓаат во екипата на Лоренс Строл.

Откако Нандо се врати во Формула 1 на почетокот на 2021 година преку фабричкиот Алпин, мина две години кај нив и кога се шпекулираше за продолжување на соработката, тој реши да направи трансфер во Астон и да вози на местото на Себастијан Фетел кој претходно се повлече од спортот. На првите пет трки годинава тој има четири подиуми и се наоѓа на 3то место во возачкиот поредок, веднаш зад тандемот на Ред Бул.

Со цел да дојдат во позиција да предизвикаат за победи и за подиуми, Астон Мартин ангажираа инженери со големо искуство од Ред Бул и од Мерцедес.

фернандо е овогодиншно изненадвање во сезоната со астон мартин, екипа која не беше толку силна лани. донесоа силни инженери од ред бул и од мерцедес и инвестираа многу во технологија и фабрика во базата во силверстон.

поради тоа го советував фернандо да потпише за астон мартин кои се во моментов на второ место во шампионатот. беа одлични во мајами иако тоа не беше патека кој им одговара на карактеристиките на болидот, се очекува изненадување на нив во монако – посочи дон флавио.

Во пресрет на сезоанта “зелениет“ ги донесоа Дан Фелоус, десната рака на славниот Адриан Њуи како и Ерик Бландин, главниот аеродинамичар на Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ