Бриаторе: Неискуството не е проблем за Бривио

Поранешниот Формула 1 тимски шеф, италијанецот Флавио Бриаторе, смета дека недостатокот на искуство во Формула 1 нема да биде проблем за Давиде Бривио, кој од МотоГП екипата на Сузуки преминува во тимот на Алпин.

Бривио, кој доби големи пофалби за менаџерската улога во тимот на Сузуки во МотоГП при освојување на двојна титула во 2020 година, објави минатата недела дека ќе замине од тимот. Објавата дека заминува од Сузуки се случи сред шпекулации дека ќе стане дел од Алшин за 2021 година во Формула 1 и скоро сигурно е дека ќе стане дел од тимот.

Тој нема искуство во Формула 1, но Флавио Бриаторе не смета дека тоа би било проблем.

И јас немав искуство кога дојдов во Формула 1, Немав ниту гледано трка. Потоа освоив седум првенства, така што нема што повеќе да се коментира и се надевам дека Бривио ќе го постигне истото. Секако, ако Рено го избрале сигурно имаат повеќе причини и сигурен сум дека неискуството нема да биде проблем.

На крајот, тоа е менаџерска работа. За неколку месеци, ќе разбира се околу неговите обврски. 

И односот со Алонсо нема да биде проблем, За мене никогаш не беше. Бривио пристига во тим кој расте, ќе има исклучителен возач како Фернандо Алонсо и на крајот тоа што е важно се перформансите. Ќе треба болид кој е брз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ