Бриаторе: Фановите не сакаат доминација на Мерцедес

Поранешниот тимски шеф во Формула 1, италијанецот Флавио Бриаторе, е убеден дека фановите на спортот сакаат да гледаат возачи кои како гладијатори се борат едни против други многу повеќе од доминација каква што има Мерцедес во моментов.

“Сребрените“ победија на сите трки годинава и ги освоија сите титули од 2014 година, а Ред Бул и Ферари беа единствени кои колку-толку “крадеа“ по некоја победа. Сепак, годинава се чини дека никој не може ниту да се приближи до екипата од Бракли.

Тото Волф неодамна изјави оти е свесен дека со доминацијата не добиваат љубов од фановите на спортот, додека Бриаторе смета дека со фокус на технологијата Мерцедес успеваат да се доминантни во турбо хибридната ера.

во формула 1 има многу технологија е тоа е правилно, но од друга страна ако сакаме вистинска формула 1, разликата помеѓу возачите е она што возбудува и што е убаво за гледање.

теоретски, ако сите болиди се исти, да ја земеме гп2 како пример, серијата што јас и берни еклсон ја направивме, каде сите болиди се исти. ако тие им се дадат на хамилтон, алонсо, фетел, верстапен и најдобрите 7-8 возачи, ќе има неверојатин трки. настаните ќе завршуваат со десетинки помеѓу нив.

свесен сум дека технологијата е важна, но таа секогаш прави разлика помеѓу возачите и за тоа мора сериозно да се размисли. во мое време во формула 1, дури и во 1996/97 година, болидите беа многу слични, моторите беа многу слични и тогаш гледавме прекрасни трки. сега имате доминантен тим, мерцедес, тие се фантастични многу години, нема никаков сомнеж околу тоа, но тоа не е тоа што луѓето сакаат да го гледаат.

луѓето сакаат да видат гладијатори, сакаат борба и тркало до тркало на секоја трка. колку повеќе технологија има во спортот толку помал ќе биде спектаклот – изјави дон флавио кој важи за одличен познавач на формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ