Бриаторе хоспитализиран, има корона вирус

Поранешниот тимски шеф на Бенетон и Рено, италијанецот Флавио Бриаторе, е префрлен во болница во Италија по позитивен тест за корона вирус.

Италијанските медиуми пишуваат дека дон Флавио бил пренесен во San Raffaele болницата во Милано во Понеделник попладне како резултат од комликации со вирусот. Официјални изјави во врска со здравствената состојба на Бритаторе нема нити пак за неговата состојба, но весникот L’Espresso пишув дека неговата состојба е сериозна, но не е на интензивна нега.

Позитивниот тест на Флавио дошол по затоврањето на неговиот прочуен Billionaire клуб во монденското Porto Cervo на Сардинија откако се појавиле многу позитивни случаи на Ковид-19 во дискотеката. Околу 60 вработени во клубот имале позитивен тест, а Бритаоре неодамна играл фудбал со славни личности меѓу кои и Синиша Михајловиќ кој пред неколку денови објави дека е позитивен на вирусот.

Италијанските власти почнаа да настојуваат на затворање на ноќните клубови откако се покажа дека истите се главен извор за ширење на заразата, по што Бриаторе жестоко реагираше.

срцето ми се кине што гледам како економијата на државата ја распарчуваат луѓе кои никогаш немаат направено ништо во својот живот – напиша Бритаоре на Фејсбук по затворањето на неговиот клуб.

Флавио е најпознат како тимски шеф на Михаел Шумахер во Бенетон и Фернандо Алонсо во Рено. Со Црвениот барон освои шампионски титули во 1994 и 1995 година, додека на Нанадо му помогна да биде првак во 2005 и 2006 година и сеуште помага во менаџирање на неговата кариера.

Италијанецот буквално беше исфрлен од спортот по крашгејт аферата во која неговиот возач Нелсон Пике намерно се удри во оградата во Сингапур со цел да му помогне на Алонсо да победи на трката. ФИА му забрани секакво вклучување во Формула 1, но тој се жалеше и судот ја поништи забраната.

Откако не е во Формула 1 тој е фокусиран на својот бренд Billionaire кој има клубови, ресторани и хотели низ светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ