Британија: Прва Ф1 победа во кариерата за Саинз

Smooth Operator стана 112от возач кој стигна до Гранд При победа и тоа го стори во својот 150ти старт на Формула 1 трка, откако вчера освои пол позиција, денеска прв ја мина целната линија и стана 40от победник на трка за Скудерија Ферари.

Заврши втората најдолга серија на Гранд При стартови без победа со овој триумф на шпанецот. Серхио Перез беше последен на крајот од 5от круг откако промени рано гуми поради оштетно предно крило, а Луис Хамилтон долго време изгледаше како главен кандидат за победа, беше ултра брз, но заврши на најниското место на подиумот.

Безбедносното возило го уништи Шарл Леклер кој долго водеше, но непромената на гуим го остави ранлив и со стари хард, по што заврши на 4то место во ситуација во која Макс Верстапен заврши на 7ма позиција. Двојни поени за Хаас, Мик Шумахер дојде до своите први бодови во врвната серија со 8мо место откако до последните метри се тркаше со Верстапен.

Стартот при врвот донесе возбуда, а болидите на Ферари загубија по една позиција, Верстапен прелесно го мина Саинз, а Леклер заугби место од Хамилтон, кој претходно го мина и Перез и од 5то дојде на 3то место. Но, тоа што се случи на средина од поредокот беше пострашно и по само неколку кривини, беше развеано црвеното знаме, трката прекината, а болидите насочени кон гаражата.

Расел и Жу се бореа за позиција, а Џорџ се обиде агресивно да затвори не знаејќи дека меѓу него и Алфа Ромео има влезено болид на АлфаТаури, Пјер Гасли. Николас Латифи го искористи бавниот старт на Расел и Жу и многу брзо ги мина, а тоа сакаше да го направи и Гасли. Расел го закачи Пјер и директно удри во кинезот Жу кој инстантно се преврти “на покрив“, и со голема брзина мина буквално над заштитната ограда составена од гуми.

Во позадина, Алекс Албон инстантно реагираше и го отпушти педалот за гас, Фетел беше преблиску до него и влета директно во неговиот заден дел за вториот судар на стартот.

На екипата за итна медицинска помош и требаше околу 10 минути за да го извадат Гуанју Жу од болидот и превентивно на носилка да го однесат во медицинскиот центар.

Џорџ Расел штом застана веднаш излета од болидот и отиде да му помогне на Жу по своето прво откажување од трка како возач на Мерцедес. Поради тоа што младиот британец имаше само проблем со задното лево тркало и рече дека застанал само за да помогне, иако В13 болидот со камион беше донесен во боксот, Расел бараше дам му се дозволи да продолжи да се трка, но Бауер беше дециден дека правилата не го дозволуваат тоа.

Јуки Тсунода имаше оштетено предно крило откако беше колатерлана штета, а исто и Естебан Окон предно десно тркало, така што успејаа да се дотркалаат до гаражата и да ја продолжат трката. Александер Албон доживеа крај на трката поради преголемата штета.

Поради тоа што во моентот кога црвеното знаме беше развеано, колоната не мина низ првиот сектор, рестартот се изведе по оригиналниот поредок од вчерашните квалификации. Рестартот беше по следниот редослед Саинз, Верстапен, Леклер, Перез, Хамилтон, Норис, Алонсо, Латифи, Гасли и Ботас.

По нешто помалку од еден час од стартот на трката, настанот продолжи по погоренаведениот редослед со старт од гридот и со медиум на првата шесторка.

Карлос Саинз тргна страшно храбро без никаков страв и успеа да го задржи водството, а во позадина Перез беше агресивен и го мина Леклер, но Шарл со “лактање“ си го врати 3то место, потоа проба да го нападне Макс пред себе, но не успеа откако холанѓанецот го истурка од патеката. Зад нив, Ландо Норис му го превзема местото на Луис Хамилтон.

Во 5от круг откако очигледно губеше потисна сила поради оштетеното предно крило, Чеко Перез влезе во бокс и “куртули“ да не биде минат од Норис и Хамилтон кои зад него беа доста побрзи. Следниот 6ти круг, седумкратниот поранешен првак го мина својот сонародник од Мекларен.

Во 10от круг, откако некоку кругови беше под притисок од Верстапн кој иаше ДРС, Саинз загуби контрола, прешироко влезе во една кривина, веројатно поради правецот на ветерот и го загуби водството со грешката на Бекетс.

Два круга подоцна, Верстапен мина преку остатоци од карбон на патеката и беше минат од Саинз, имаше среќа што гумата му издиша блиску до влезот од боксот, промени на нов сет медиум и излезе на патеката на 6то место, зад Фернандо Алонсо. По изегувањето од боксот, Верстпаен се пожли дека болидот не е повеќе истиот, по што од Ред Бул потврдија дека има проблем со потисната сила во задниот дел, веројатно поради агресивното минување преку еден тротоар што му ја дупнало гумата.

На крајот од 20т круг Саинз промени гуми и зема нови хард гуми, по што излезе на 3то место, зад Шарл и Луис.

Во 21от круг Влтери Ботас се откажа паркирајќи се во боксот откако се жалеше на проблеми со болидот уште при рестартот на трката.

Во 23от круг од 7то место во бокс по нови гуми влезе Естебан Окон откако неколку кругови претходно не можеше да се доближи на ништо под 3,6 секунди до Макс Верстапен., а следниот круг по нови хард влезе и Макс Верстапен откако со претходниот сет најтврди гуми комплетираше само 12 кругови. Холанѓанецот се врати на 8мо место.

Во 25от круг по нови гуми отиде и Шарл Леклер откако Хамилтон дојде во неговата ДРС зона, промени на нови хард и се црати на патеката зад својот колега Карлос Саинз, околу 2 секунди зад него. Водството го превзема седумкратниот првак, Луис Хамилтон.

Кругот број 28 беше последен што го комплетираше Пјер Гасли затоа што Контролата на трка му нареди да оди во бокс поради оштетување на болидот, кое очигледно механичарите не можеле да го поправат.

Кругот број 29 беше моментот кога во Ферари добија дозвола да се тркаат откако речиси 20 кругови тимот решаваше како ќе биде поредокот на патеката. Два круга подоцна, откако не можеше да го одржи кругот под 1.32.2 кој се бараше од него, Саинз го пропушти Леклер.

На крајот на 33от круг конечно Хамилтон влезе по свежи хард гуми откако претходно јави дека не може уште долго да вози со тој ритам, а промената го чинеше огромни 4,3 секунди. Мерцедес излезе на 3 секунди зад второпласрианиот Карлос Саинз.

Естебан Окон одјде до 8мо место претекнувајќи до Макс Верстапен во 37от круг откако долго време се мачеше со ДРС на правците. Два круга подоцна, актуелниот првак си ја врати позицијата откако Естебан Окон имаше проблеми откако неговиот менувач заглаи во втора брзина. Французинот се паркираше на старата стартна рамнина и донесе безбедносно возило.

Излегувањето на безбедносното возило експресно го искористија Саинз и Хамилтон кои променија на софт гуми, а промени и Норис, Перез, Верстапен и сит еостанати. Откако Леклер беше единствен што продолжи со стари гуми, н крајот на 42от круг безбедносото возило се повлече, останаа цели 10 кругови за тркање од кои првите 2 без ДРС.

Многу брзо по рестартот, Саинз го мина Леклер, а Перез го претекна Хамилтон и сето тоа со многу блиску дуели на границао од контак.

Кругот број 46 беше феноменален, Перез го нападна Леклер кој жестоко се бранеше, а тоа го искористи Хамилтон и ги мина двајцата, но дуелот продолжи, Чеко дојде на 2ро место, а моначанецот го мина Мерцедес.

Хамилтон продолжи да се обидува да го претекне Леклер кој беше на стари хард гуми во ситиација во која Мерцедес имаше свежи софт, но не успеваше да најде простор за подиум. Така беше се до 48от круг кога Хамилтон од надворешна страна мина, но Леклер експресно и бестрашно се врарти во трка. Луд двобој на двјцата. Следуваше ново претекнување на Луис и тоа беше крајот за подиум желбата на моначанецот од Ферари.

Последните два кругови преносот беше резервиран за Мик Шумахер кој со ДРС го напаѓаше Макс Верстапен за 7мо место, но до крајот не успеа да го мине и мораше да се задоволи со 4 поени и трка со два топ 10 пласмани на американски Хаас.

Саинз одработе машки, храбро и тоа му донесе победа пред Перез, Хамилтон и колегата Леклер. Следуваше Алонсо кој до крајот не успеа да го мине Леклер, а 6то беше Норис пред Верстапен и Мик Шумахер. Два поени освоеи Себастијан Фетел, а К-Маг финишираше на 10то место.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ