Бруталната аеродинамика му помага на Мекларен

Од Мекларен изјавија дека бруталната аеродинамика на новите болиди им помага да го сокријат негативните карактеристики кои не му се допаѓаа на Даниел Рикардо минатата година. 

Австралијанецот се мачеше минатата сезона да се приспособи на болидот, иако пакетот во исто време му одговараше на Ландо Норис. Техничкиот шеф на екипата, Џејмс Кеј, смета дека менувањето на концептот ќе ги тргне слабостите кои ги имал тимот во минатото. Клучно е промената на аеродинамиката која сега е поедноставна. 

Би рекол дека сега можеби имаме полесен болид за возење. Брутално се генерира потисна сила со огромното предно крило и моќниот под. Нема никаква комплексност.

Мислам дека со ваква аеродинамика ќе може да се работи постабилно бидејќи ова се големи површини и нема потреба од мали детали. Можеби тоа многу ни помогна оваа година, Но сепак не чека многу работа иако се движиме во вистинска насока. 

На првиот тест во Шпанија, Рикардо и Норис имаа доста конкурентни времиња по круг, но Кеј смета дека е потребно уште работа. 

Мислам дека сме добри, но сепак не сме како порано. Мора да ги средиме слабостите.

Болидот работи добро и немаме големи грижи. Се работи за мали подесувања и промени кои ќе ги пробаме во Бахреин. Имаме доволно податоци, но сепак не може веднаш да сме на врвот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ