Будковски призна: Ќе загубевме подиум за неколку кривини

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, призна дека стратегијата со една промена на гуми која му донесе подиум на Фернандо Алонсо во Катар била ризична и гумите на шпанецот можеле да не откажат доколку имало уште неколку кривини до крајот.

Првото Катарско Гранд При беше огромен предизвик за гумите на Пирели кои мораа да го издржат огромниот грип на стариот асфалт на Лосаил ако и агресивните тротоари крај патекат.

Гумите на Валтери Ботас, Ландо Норис и тандемот на Вилијамс не го издржаа притисокот, а по крајот на трката, Пирели поведе истрага за многуте штети кои се појавија на гумите. Будковски откри дека и француската екипа била загрижена за своите пневматици кои имале многу голема деградација поради ризичната стратегија.

Алонсо и Окон одбраа да возат со една промена на гуми и се покажа одлично затоа што донесоа 3то и 5то место за тимот кои сфатил дека нема враќање назад откако посвеено работеле на менаџирање на гумите и избегнување над тротоарите.

Но, претпазливоста можеше да ги направи лесен плен за Серхио Перез кој два пати промени, беше многу брз и заврши на 2,8 секунди зад Нандо.

сите работеа навистина напорно за гумите да истраат последните неколку кругови, така што беше многу стрресно. знаевме дека ако сопреме по нови гуми, ќе загубивме и поради тоа доста рано почнавме со менаџирање и сфативмедека е клучно да се избегна тротоарите.

последниот круг видов дека механичарите скокаат на гридот и посмислив дека е крај. искрено некоку кривини беа во прашање дали ќе успееме или нема – посочи будковски.

Полјакот додаде и дека не бил загрижен од безбедносна гледна точка затоа што предмет на деградација била само предната лева гума.

безбедносна загриженост не постоеше затоа што ако се дупне предното десно тркало, се гуми само предниот дел и излизгувате. со задните гуми е поинау затоа што се извртувате. не бевме загрижени за безбедноста, ризикот беше по трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ