Будковски: ФИА мора да ги следи тимовите за новите болиди

Минатата сезона Рејсинг Поинт предизвикаа проблеми откако на зимското тестирање се појавија со болид кој силно наликуваше на Мерцедес од претходната сезона откако тимот го купи менувачот, моторот и други делови надвор од листата. 

Ова ги предизвика Алпин да се побунат и ФИА го забрани копирањето. Поради ова Рејсинг Поинт добија казна и ги загубија поени. 

Јасно е дека наредната година има големи промени во правилата и перформансите. овие болиди ќе се користат и во иднина доколку има соработка која треба да е легална. Ние очекуваме ФИА да го следи развојот на болидите и соработката помеѓу тимовите – посака будковски.

Извршниот шеф на Алпин изјави дека е тешко прашање дали мисли на повторување на копирањето на Рејсинг Поинт. 

Не знам што прават во другите фабрики бидејќи ФИА треба да го следи ова. Ние сме независен тим и не сакаме да споделуваме податоци бидејќи тоа е против нашите интереси.

Сакаме повеќе тимови во Формула 1 кои ќе се борат безкурпулозно на патеката за нивни личен успех. Доколку споделуваат информации тогаш ќе има проблем. Загрижени сме дека тоа може да се случи но не сакам да обвинам никого. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ