Валтери незадоволен од возењето на Строл

Влтери Ботас го критикуваше Ленс Строл и неговото тркање по инцидентот во Австралија кога канаѓанецот доби казна од 5 секунди.

Двјцата возачи беа во дуел неколку пати на денешната трка борејќи се за ниските поени, а токму нивните дуели беа анализирани од стјуардите затоа што Ленс возел лево-десно по патеката, менувајќи правец во повеќе наврати и на тој начин го истурка финецот од патеката. Возачот на Астон Мартин поради тоа доби казна од пет секунди и еден поен на неговата лиценца, по што е на само три од казна.

Екскурзијата надвор од патеката мина без оштетување кај Валтери, но го оневозможи да донесе повеќе поени за себе и тимот.

таквото цик-цак возење прави да ми биде многу тешко да одлучам каде да тргнам, буквално одев “на тепка“. претекнувањето го направив надвор од патеката, а не сметам дека така треба да се тркаме и навистина сум зачуден што успеав на тој начин да минам.

мислам дека тој потег ме чинеше многу време, естебан ми се доближи, но и покрај тоа дојдов до 4 поени што не е лошо – вели ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ