Вандорн ги потсети Мерцедес што може да направи

Стофел Вандорн ги потсети Мерцедес кои се неговите можности на тестот за млади возачи кои го одработи за екипата во Абу Даби. 

Иако тој е официјалната резерва на Мерцедес, белгиецот се надеваше дека ќе го замени Луис Хамилтон откако тој излезе позитивен на Ковид-19 за Шакирското Гранд При, но сепак, местото му беше дадено на Џорџ Расел. 

Вандорн призна дека одлуката го болела и бил разочаран но сепак го почитува изборот на тимот. 28-годишниот возач доби посебна дозвола од ФИА да учествува на тестот, но сепак, не го доврши истиот поради обврски со Мерцедес Формула Е тимот со кој се натпреварува. 

Пред да замине тој постави најбрзо време од сите 15 возачи на утринската сесија со 82 круга зад него. Неговиот колега, Ник де Врис, извозе дополнителни 28 кругови и беше побрз за две десетинки во неговото Формула 1 деби. 

Би сакал да се заблагодарам на тимот за шансата да го возам овогодинешниот шампионски болид, шанса што не се случува често и е уникатна.

Ми беше вистинска привилегија да го возам В11 на ваков убав ден. Морав порано да завршам и да заминам бидејќи имам обврски со мојот тим – изјави стоф.

Главниот мерцедесов инженер на патека, Ендру Шовлин додаде: 

Стофел беше одличен со постарите болиди, но ова е прв пат да го вози новиот В11 и беше интересно да го каже своето мислење. За жал мораше порано да замине поради обврските во Формула, Е но сепак ја извозе целата програма.

За Ник ова беше прв ден во Формула 1 болид и не импресионираше колку е брз со малку и со многу гориво. Двајцата се дел од нашата програма и работа во симулатор и сега имаа шанса да пробаат каков е вистинскиот болид. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ