Ван дер Гарде за маките на сонародникот Де Врис

Поранешниот Формула 1 возач, Гидо ван дер Гарде, верува дека неговиот сонародник од Холандија, Ник де Врис, има потешкотии затоа што премногу анализира и тоа не му дозволува да се опушти во болидот.

Де Врис не успеа да остави впечаток во АлфаТаури оваа сезона откако беше најавен како замена на Пјер Гасли и веќе се зборува за негово отстранување од екипата. 28-годишникот е еден од само двајцата возачи на гридот кои допрва треба да освојат поени, заедно со колегата дебитантм Логан Сарџент, а тој беше поразен во квалификациите од тимскиот колега Јуки Тсунода на четири од петте трки досега.

Ван дер Гарде, кој возеше за тимот на Катерам во 2013 година, вели дека Де Врис има талент, но премногу размислува во кокпитот.

имам чувство дека Ник понекогаш е премногу аналитички настроен. Сигурен сум дека ако нема време да мисли, работите ќе се подобрат.

Де Врис имаше големо влијание во своето деби во Формула 1 по Италијанското ГП минатата година, кога го замени Алекс Албон од Вилијамс, кој мораше да се повлече поради воспаление на слепо црево. Извозе одлична трка и освои два поени, завршувајќи како деветти. Тоа остави голем позитивен впечаток и АлфаТаури одлучи да му даде постојано тркачко место.

Не беше лесна транзиција за Де Врис, а со недостаток на темпо во комбинација со излетувањето во Азербејџан, тоа доведе до разговори за предвремено заминување. Ван дер Гарде е убеден дека неговиот сонародник може да продолжи и да има добра кариера во Формула 1 и вели дека промената на начинот на размислување може да помогне.

Тоа го видовме минатата година во Монца кога одеднаш се приклучи на Вилијамс. Немаше време за размислување и одеднаш заврши пред својот тимски колега и исто така веднаш постигна поени. Тогаш сите видоа колку е брз.

Тој едноставно има чист талент и чувство со болидот, Но понекогаш е премногу стегнат во болидот и тоа е штета. Потребно е само малку време да се совлада болидот и се надевам дека ќе добие шанса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ