Вдовицата на Ники Лауда тужи за 30 милиони долари

Вдовицата на починатиот Ники Лауда тужи за голем дел од наследството што зад себе го остави трикратниот Формула 1 првак.

Се верува дека кога Неизвршниот потпретседател на Мерцедес почина во 2019 година зад себе оставил богатство помеѓу 200-500 милиони долари.

Според австриски Kurier, двете тужби во врска со наследството во моментов се процесуираат во сСудот во Виена.

Вдовицата на Ники, 44-годишната Биргит Ветзингер, бара од судот да и додели 20-30 милиони средства од Фондацијата на Лауда.

Тестаментот на Ники се шпекулира дека бил многу прецизно напишан со цел да се одбегнат судски спорови од било каков вид со оглед на тоа што имаше две деца од првиот брак и уште две од вториот со Биргит. Според истиот австриски весник, вдовицата веќе добивала по 20.000 евра од Фондацијата месечно.

биргит ги почна сите овие барања и суски постапки иако сите останати членови од семејството целосно се сложија со тестаментот кои ники го остави зад себе – изјавил член на семејството.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ