Вебер настојува Пиастри да го замени Рикардо

Марк Вебер настојува замена на Даниел Рикардо во Мекларен со уште еден нивни сонародник, австралијанецот Оскар Пиастри од Алпин / Рено. 

Пиастри е клиент на менаџерскиот тим на Вебер, Јам Спортс Менаџмент уште од дебито во Формула 3. Од тогаш младиот возач дојде до титулите во Формула 3 и Формула 2. 

Се повеќе се зборува за влез на австралијанецот во Формула 1, како замена за Николас Латифи во Вилијамс, Фернандо Алонсо во Алпин или за Даниел Рикардо во Мекларен. Тед Кравиц во последната емисија зборуваше за гласините за Пиастри во Мекларен. 

Има доста гласини зошто Оскар Пиастри, кој е резерва на Алпин, нема потпишано за Вилијамс. Дали тоа е поради фактот што Марк Вебер го гледа како потенцијална замена за Рикардо во Вилијамс?

На секоја трка гледаме како РИкардо не успева да дојде до поени и можно е да му се понуди местото на Рикардо во 2023 година.

Тој ќе мора да замине од Мекларен во некоја друга серија или екипа. Се надеваме дека ќе преживее во Формула 1. 

Алпин остануваат на својот план за Пиастри, а шефот Отмар Шафнауер изјави дека верува дека младиот возач ќе дојде во спортот во 2023 година. 

Не зборуваме за планови за договори со возачи. Ќе видиме каков е планот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ