Вебер очекува одлична сезона на Перез

Поранешниот возач на Ред Бул, австралијанецот Марк Вебер, верува дека Серхио Перез ќе биде многу подобар од своите претходници во тимот  и ќе му понуди поголема помош на Макс Верстапен. 

На својата прва трка за Ред Бул тој имаше доста проблеми на квалификциите, но сепак заврши на петто место со фантастична трка за што беше поздравен и од неговите шефови Хорнер и Марко. 

Му симнуваме капа на Серхио за одличната трка, посебно со старт од бокс. ТОј со ладна глава се справи со проблемот и испорача поени – задоволни се во милтон кинс.

Вебер, кој возеше за Ред Бул од 2007 до 2013 година и дојде до девет победи, верува дека Чеко ќе биде неспоредливо поуспешен од Гасли и Албон. 

Мислам дека ќе биде одличен и тоа е добро за тимот. На Макс му треба таква подршка. ТОј е магионичар со гумите и Тоа е одлична шанса за добра сезона. 

Вебер исто смета дека Перез конечно ќе му даде шанса на Ред Бул да го надополни тоа што му недостасувало во борбата за титулата. 

ТОј конечно ќе направи притисок врз Мерцедес преку боксовите. Има уште едно куче во борбата и потешко ќе им успева стратегијата. Затоа е Перез тука.

Работев на неколку победи кај конструкторите и знам како функционира. Доколку завршиш 5  до 10 секунди назад, зад победникот, тоа е одлично за тимот И тоа Перез ќе го даде. Верувам дека ќе му парира на Верстапен и ќе освојат многу годинава. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ