Вебер се чуди на пензијата на Фетел

Иако поминаа 10 години од познатиот Мулти 21 инцидент, Марк Вебер се прашува дали неговиот поранешен колега, Себастијан Фетел, прерано ја завршил кариерата. 

Фетел во текот на летото објави дека ќе се пензионира, а во текот на својата кариера долга 15 години освои четири титули со Ред Бул.

Очигледно требаше да се справи со улогата и да ги гледа работите преку својот бренд. Потребно е време да се созрее, да се биде професионалец и да се почитуваат фановите. Секако тоа на почетокот на кариерата не е така лесно. Очигледно имавме доста подиуми, а некои од нив беа контроверзни, Но на крајот, завршивме одлично. Тој донесе многу за спортот, беше повеќекратен шампион и му симнувам капа за тоа – изјави австралијанецот.

Фетел имаше силни перформанси на последните трки со Астон Мартин така што Вебер смета дека можеби тој се пензионирал прерано. 

При крајот на кариерата беше одличен. Покажа дека не заборавил да вози и мислам дека прерано се пензионираше. Сепак имаше одлична кариера и беше неверојатен возач. Не смее да се заборави дека тој е четирикратен шампион. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ