Вебер смета дека Хулкенберг заминува во вистинско време

Германецот Нико Хулкенберг по 177 Формула 1 трки зад себе заминува од спортот, нешто што според Марк Вебер е целосно исправно.

Рено се одлучија на место на Нико да го ангажираат младиот и брз францусин Естебан Окон кој сезонава ја мина како резервист и тестер во Мерцедес. Во комбинација за услугите на Нико беа американците од Хаас, но медиумите пренесоа дека финансиските услови биле оние каде што преговорите запнале.

Германецот најави дека некое време ќе се исклучи од тркањето, а дури потоа ќе размислува за иднината иако не ја исклучува цеосно можжноста да се врати во падокот во 2021година.

тој имаше многу долга формула 1 кариера. има талент затоа што формула 1 кариера не може да добиете на друг начин без да испорачате резултати.

мина 10 години и 176 трки мислам и тоа е одлично за неговата кариера, но секогаш има млади и свежи момци кои доаѓаат со различна мотивација, различен апетит за учење, нови техники на возење и се останатло.

многу брзо ве забораваат и станувате демоде во оваа игра. тој имаше долга кариера и време е да продолжи понааму – смета вебер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ