Вебер: Ферари долго време ќе ги задржи возачите

Марк Вебер, поранешниот Формула 1 возач, во својата изјава за Спид Вик, објасни дека очекува Скудерија Ферари долго време да го задржи возачкиот тандем кој го има во моментов.

Австралијанецот исто така призна дека во 2013 година бил многу блиску до потпис на договор со тимот од Маранело.

Шарл Леклер е веќе трета година во Маранело, а своја прва година во екипата одработува Карлос Саинз и двајцата го формираат најмладиот тандем во екипата по долги години.

сигурен сум дека ферари ќе ги задржи своите двајца возачи многу години во иднина. на нив им треба стабилност и ако сакаат тоа да го постигнат, треба да се осигураат дека леклер и саинз ќе работат одлично.

сметам дека веќе разбраа дека екипата мора да биде обиединет, а јас сметам дека карлос е вистинскиот човек за работат. ќе мора да почекаме да видиме дали ќе успее да му се спротистави на леклер, имаше одличен старт и сметам декасамо ќе се подобрува – најави вебер.

Сепак, Марк смета дека шпанецот превзема и ризик да стане главоболка во тимот.

формула 1 е секогаш претешка, но секој возач на ферари е под дополнителен притисок затоа што во италија ферари не е тркачка екипа, туку религија. возачот е под огромен притисок во секој момент и ако не му оди добри, веднаш се напаѓа затоа што самиот болид не може никогаш да биде проблем во италија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ