Верн се чувствувал како робот во Ф1

Жан Ерик Верн не звучи расположено за враќање во врвната тркачка Формула 1 во иднина откако истото го изјави и неговиот поранешен шеф, доктор Хелмут Марко.

29-годишниот французин кој е двократен Формула Е првак откри дека во Формула 1 се чувствувал како робот.

константно ви кажуваат кога д јадет, колку да спиете, кога да спортувате, што да кажете, кога да се насмеете и шегувате… тоа ме потсетува како да сум робот и кога ќе влезете во болидот не сте повеќе среќен поради тркањето.

лично јас претпочитам да се забавувам и не гледам зошто би го променил своето однесување. но, секако дека сум горд што добив шанса да возам во формула 1 – изјави верн за L’Equipe.

Верн возеше во Формула 1 од 2012 година до 2014 година за јуниорскиот погон на Ред Бул, италијански Торо Росо.

се чувствував моќно поради статусот, се чувствував како крал и дека можам да изменаџирам се. но, луѓето сметаа дека сум премногу негативен, дека никогаш не се смеам и тоа беше точно. ми требаше некое време да сфатам дека треба да сум ведар.

По 2014 година тој откри дека му било соопштено од доктор Хелмут Марко дека повеќе не е потребен во програмата на тимот.

ми беше соопштено по летната пауза кога бев со моето семејство и тоа беше како бомба за мене затоа што ми се срушија сит есоништа. кога заминав од формула 1 снемав пари, бев глупав и не заработив многу во ред бул.

луѓето мислат дека во формула 1 има премногу пари, лично јас сметав дека сум милионер, но се се потроши многу брзо и ми требаа две години за да се вратам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ