Вилијамс во ново партнерство со ROKiT Drinks за 2020

Вилијамс објавија почеток на ново “големо“ партнерство со ROKiT Drinks кое ќе започне од 2020 година со повеќегодишна основа.

Соработката на Вилијамс со Рокит започна со нивната компанија за телефони кога истите станаа главен спонзор на почетокот на 2019 година, како замена за Мартини. Но пред почетокот на новата сезона во 2020 година, Вилијамс потпишаа уште еден договор со Рокит со кој повеќето брендови на пијалоци ќе бидат прикажани на болидот, тркачките костими и заштитните кациги на возачите.

Новото партнерство ќе функционира рамо-до-рамо со постоечкиот спонзорски договор.

Пресреќни сме што започнуваме ново партнерство со ROKiT Drinks. Постојаната поддршка од нашиот главен спознор, ROKiT Phones, значи многу за екипата и е знак дека споделуваме иста визија.

Уживаме во соработката со нив во последните 12 месеци и нивната поддршка во тежок период што е голема мотивација за сите во Вилијамс.

Одвај чекаме да го прошириме партнерството и одвај чекаме на иднина во која заедно  ќе продолжиме да се бориме назад кон челните позиции – изјави Клер Вилијамс.

Џонатан Кендрик, претседател на РОК Групацијата го додаде следното:

Наместо само да бидеме пасивни спонзори, Рокит стана проактивен спонзор на Вилијамс во текот на сезоната и поради тоа сме екстремно возбудени и задоволни што ја продолжуваме нашата инволвираност и инвестиција во тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ