Вилијамс имале право да го тргнат крилото од кај Кубица

Клер Вилијамс чувствува дека Вилијамс имале право во нивната одлука да го тргнат предното крило од болидот на Роберт Кубица по што тој излета на квалификациите.

Кубица беше фрустриран од тимот поради тргањето на новото предно крило во пресрет на квалифиакциите во Јапонија. Полјакот верува дека требало да биде известен пред да се направи тоа. Потоа тој излета на квалификациите во првиот круг, а Клер Вилијамс е сигурна дека го направиле вистинското.

Мислам дека тоа што се случи на квалификациите е доказ дека ја донесовме вистинската одлука. Тоа беше јасна одлука. Не требаше да се тркаме со тоа крило. Немавме таква намера. Само сакавме да направиме проценка и од фабриката завршија одлична работа.

Тоа беше само за тест во петок, Но се покажа како одлично. Продолжуваме со проценката и не сакаме да ризикуваме во викенд каде не знаевме какво е времето. Според планот можеби ќе го возиме во Остин. Доколку го возевме ќе го загрозевме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ