Вилијамс не размислуваат сериозно за Хонда

Вилијамс не гледаат сериозно на Хонда околу новите правила кои треба да стапат на сила од 2026 година. 

Хонда потврди дека сака да остане во спортот се до новите правила, а во моментов има шест потврдени доставувачи на мотори и тоа Ред Бул-Форд, Мерцедес, Ферари, Алпин, Ауди и Хонда. 

Вилијамс соработува со Мерцедес од 2014 година уште од почетокот на турбо хибридната ера. 

Во моментов ги разгледуваме опциите, Но не сме договорени со Мерцедес и сеуште разгледуваме – откри новиот шеф на тимот џејмс воулс,

Хонда се врати во Ф1 во 2015 година со Мекларен, а подоцна премина во ТороРосо и Ред Бул со кој дојде до првата титула во 2021 година. Воулс сепак останува сигурен дека нема да се здружат со Хонда. 

Тешко е да коментирам, но речиси сигурен сум дека нема да одиме со нив. Мислам дека не ги гледаме како сериозен конкурент од таа година. 

Од Хонда изјавија дека повеќе тимови се заинтересирале за договор од 2026 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ