Вилијамс објави слики од својот нов болид

Формула 1 тимот на Вилијамс објави првични слики од својот нов ФВ42 болид во пресрет на првиот предсезонски тест следната недела, откако на почетокот на оваа недела организираа промоција на новите шари и новиот главен спонзор на екипата.

Промоцијата на новата боја и спонзорот Рокит беше извршена со користење на стариот ФВ41 болид, но со сменети крила согласно новите аеродинамички правила.

Тимот го откажа планираното користење на ден за снимање на новиот болид поради тоа што истиот не бил подготвен да вози на патеката.

Вилијамс ја завршија 2018 година со само 7 собрани поени на 21 трка, така што при промоцијата беа внимателни со поставувањето на целите за сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ