Вилијамс ќе тестира со Аиткен на следната трка

Вилијамс ќе ги искористи услугите на резервниот возач, Џек Аиткен, за време на петочната тренинг сесија во пресрет на следната трка претсојниов викенд која ќе се вози на Ред Бул Ринг, но како Стириско Гранд При.

Годинава, поради згуснатиот календар и панедмијата, нема да има тестирање во текот на сезоната, така што малдите возачи ретко ќе добиваат шанса да возат на Гранд При викенд. Вилијамс се први кои ќе му дадат шанса на резервист во Петок.

Возачот на Кампос во Формула 2, Аиткен, тестираше за Рено и беше нивни штитеник во минатото, а тестираше за нив и на предсезонските тестови последните две години, но сеуште не го возел актуелниот болид на тимот.

Потегот на Вилијамс да се даде шанса на Аиткен толку рано во сезоната е паметен затоа што Џорџ Расел нема да загуби многу затоа што веќе комплетираше цел тркачки викенд на истата патека неделава, а Латифи ќе остане да учи и да се приалгодува.

Дополнително, пандемијата силно го зголемува ризикот од зараза, така што годинава повеќе од било кога е неопходно да се има подготвен резервен возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ