Вили Вебер: Сопругата на Шумахер ме избриша

Менаџерот на Михаел Шумахер, Вили Вебер, вели дека сопругата на Формула 1 легендата го избришала од животот по кобната несреќа на скијање кон крајот на 2013 година.

Вили Вебер, чија автобиографија “Benzin im Blut“ (“Бензин Во Крвта“) се објавува моментално, откри дека последен пат кога го видел својот поранешен и близок пријател бил во неделите непосредно пред несреќата и последователните долгорочни повреди на мозокот.

До денес, ниту телефонски повик, ниту писмо. Тој ден со огромна болка, сега знам дека таа ме избриша од нејзиниот живот – вели Вебер, мислејќи на сопругата на седумкратниот светски шампион, Корина.

Како станав излитена гума после сите тие години? Зошто не ми е дозволено да го посетам Михаел? За што сум казнет? – напиша вебер.

На прашањето да објасни што се случило, познатиот поранешен менаџер на Шумахер за РТЛ изјави:

Направив грешка. Тогаш не се качив веднаш во авион да отидам кај него во болница. Ја видов толпата и помислив дека не треба сега да застанувам во ред.

Тоа беше погрешно, Требаше веднаш да полетам таму.

Вебер вели дека Шумахер е синот што никогаш го немав и ја призна болката што ја предизвика неможноста да се види со големиот германец во последните осум години.

На прашањето дали некогаш се каел за грешката што не летал веднаш на помош на Шумахер, 79-годишникот призна:

Илјада пати. Бев мизерен. Страдав како куче.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ