Вилнев: Ботас не смее да загуби од Жу

Валтери Ботас беше критикуван за неговата трка во Канада откако беше послаб на квалификациите од својот кинески колега Гуанју Жу. 

Финецот од почетокот на сезоната беше пред својот колега и беше во борба за најдобар од останатите, но на последните трки, тој нема многу среќа и во Канада заврши зад својот колега Жу на квалификациите. 

Жу нема доволно километри зад себе и Ботас не смее да си дозволи да биде победен од него. Тој нема ни искуство со победи, Патеките не му се познати. Не знам дали е поради тоа што е навикнат да биде послаб од Луис и затоа му беше лесно на почетокот. Тој беше добар и го уништуваше Жу, но сепак работите се променија. Сеуште не го гледаме најдобриот Валтери и мислам дека лесно може да биде пред Жу – смета вилнев.

Тој упсеа да стигне до 10 победи во својата кариера во пет сезони во Мерцедес и помогна тимот да ги освои сите титули. 

Тој е многу добар, Многу е брз и Го победи Луис на неколку трки, но не во цела сезона. На моменти беше супер брз, но не во текот на целатата сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ