Луѓето што протестираа на патека на Силверстон за време на Британското Гранд При беа наречени идиоти од страна на поранешнот шампион, Жак Вилнев.
Луис Хамилтон ја бранеше нивната намера заедно со тимот Мерцедес, а во нивната одбрана се приклучи и Себастијан Фетел. Но сепак, Жак Вилнев не штедеше зборови.
Бев шокиран од сликите. Колку треба да си глупав? Дали имаат идеја колку е опасно за нив и за возачите.
Болиди доаѓаат со брзина од 300 кмч и тоа е различно од претрчување гол на патеката.