Се разгоре дебата меѓу Алпин и Мекларен за несигурното крило на Окон

Ако ништо друго, Големата Награда на Канада во 2023 година ќе биде позната по брилијантниот крај откако Алекс Албон очајно го одбрани седмото место по 59 кругови на хард гуми за да ги задржи Естебан Окон од Алпин и Ландо Норис од Мекларен зад себе.

Зад него, Норис поднесе жалба до Контролата на Трка во врска со задното крило на Окон. Како што гледачите можеби забележаа за време на завршните кругови, Окон имаше задна камера и на неа можевме да го видиме задното крило на неговиот болид како ниша од страна на страна.

Стјуардите не сметаа дека болидот на Окон е небезбеден, а болидот на Алпин ја помина инспекцијата по трката, но тоа не ги спречи тимските шефови да дебатираат по ова прашање по трката.

Во медиумскиот скандал пост-трката тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, ја доведе во прашање одлуката да не се реагира:

Тоа е незгодно прашање бидејќи за тимовите, кога сте во трката, имате конфликт на интереси, во однос на безбедноста за сите вклучени страни, но и максимизирање на вашиот резултат.

Ова е дебата која заслужува повеќе време, затоа што Ландо неколку пати истакна дека не е убаво кога следиш болид со нишаво задно крило и тоа може да те удри, а ништо да не се случи.

Тимот на Алпин бил во оваа ситуација и претходно, во Остин во 2022 година, кога Фернандо Алонсо доби казна од 30 секунди поради тоа што имаше болид во небезбедна состојба по неговиот сударсо Ленс Строл, но казната беше поништена по жалба.

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер ја отфрли жалбата во Канада:

Анализата по трката е прекрасна работа. Крилото не падна, остана закачено. Го дизајниравме тоа крило и го произведуваме, така што тој можен неуспех веројатно ни беше нас најпознат и бевме среќни дека нема да се откачи – рече тој.

ФИА дојде и кај нас и ни посочи дека задното крило се ниша и ние го погледнавме и разговаравме за тоа. Бевме уверени дека во уште неколку кругови ќе биде добро. Во спротивно, ќе го повлечевме болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ