Астон Мартин го објаснија проблемот на Алонсо на Канадското ГП

На Фернандо Алонсо му беше кажано да штеди гориво за време на неделната трка во Монтреал.

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, вели дека потенцијалниот проблем со системот за гориво е причината за побавното темпо на Фернандо Алонсо во последните фази од Гранд При на Канада.

Шпанецот ја заврши трката на втората позиција, но му беше кажано да заштеди гориво доцна во истата, при што Крак објасни дека тоа било мерка на претпазливост.

Мислевме дека имаме проблем со системот за гориво, но не бевме сигурни, па затоа како мерка на претпазливост рековме дека најдобро е да заштедиме гориво и да користиме lift and coast техника – изјави Крак.

Колку не чинеше? Тешко е да се процени. Неколку десетинки, веројатно една или две.

Тоа беше превентивна одлука, но можете да изберете дали да не ја завршите трката или да завршите со малку повеќе гориво, па сакавме да бидеме безбедни.

Немало проблеми со сопирачките на Алонсо

Побавното темпо на Алонсо поттикна некои ТВ коментатори да сугерираат дека шпанецот се мачел со проблеми со сопирањето, знаејќи дека патеката Жил Вилнев е озлогласено тешка за сопирачките.

Сепак, Крак ги негираше тие гласини.

И јас бев изненаден кога го видов тоа.

Мислам дека на Луис Хамилтон му беше кажано дека имаме проблем со сопирачките, а ние се погледнавме и рековме: Тие изгледа знаат повеќе за нашиот болид од нас!

Не, немавме проблем со сопирачките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ