Гасли очекува дискусија за попречувањето: Надвор од контрола е!

По попречувањето за време на квалификациите на последните тркачки викенди, Пјер Гасли, кој беше казнет поради прекршокот на Шпанското ГП, ги објасни предизвиците кои се вклучени.

Пјер Гасли очекува прашањето за попречувањето да биде дискутирано на следниот тркачки викенд во Формула 1 по различни инциденти во последните квалификациски сесии.

Возачот на Алпин доби две казни за одделни прекршоци за попречување во квалификациите за Големата Награда на Шпанија, деградирајќи го од 4то место на гридот на 10то.

Две недели подоцна на Гранд При на Канада, Гасли беше попречен од Ферарито на Карлос Саинз додека Французинот се приближуваше до последниот свиок од неговиот последен К1 обид, оставајќи го неспособен да напредува надвор од елиминациската зона.

Гасли, кој потоа се квалификуваше на 17то место, беше бесен поради инцидентот и веднаш преку тимското радио извика дека на Саинз треба да му се додели забрана.

На Шпанецот му беше изречена казна од три места за оваа појава, но Гасли верува дека темата ќе продолжи да се дискутира понатаму.

Бев од другата страна на инцидентот во Барселона – изјави Гасли.

Единственото нешто со кое не се согласувам малку е кога попречуваш некого што завршил на пол позицијата, тоа е различно отколку кога попречуваш некого на начин што го исфрла од К1 или К2.

Јасно е дека штетата не беше само во квалификациите, туку и во трката. Целиот викенд е засегнат од тоа. Можеби тоа треба да се прегледа, но искрено ова е надвор од контрола. Сигурен сум дека ќе се зборува за тоа во следната трка.

Во моментов се надевам само на чист и нормален викенд и тоа е она што ќе го целиме во Австрија.

Додека Гасли признава дека управувањето со сообраќајот често претставува предизвик, тој смета дека постои граница на она што возачите треба да го прават во нивните обиди да најдат чист воздух.

Управувањето со сообраќајот е секогаш толку тешко во сите категории и ви треба помош и поддршка од вашиот тим – објасни Гасли.

Сите ние сме себични како тркачки возачи, но во одреден момент тоа има граница.

Колку што има голема празнина што сакате да ја создадете пред вас понекогаш, само треба да прифатите дека нема да имате шест секунди или четири секунди предност, и ќе додадете дополнителни две секунди за тој што вози круг зад вас.

Тоа е само наоѓање на тој компромис и дефинитивно во К1 е потешко отколку во други сесии. Но да, ќе разгледаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ