Вилнев го закачна Хамилтон: Сена и Шумахер победуваа со послаби болиди

Поранешниот првак, Жак Вилнев, не е сигурен дали Луис Хамилтон треба да биде ставен на истата листа со Аиртон Сена и Михаел Шумахер како еден од најдобрите во историјата на тркачката серија поради доминацијата на Мерцедес. 

Британецот држи многу важни рекорди за најмногу победи, пол позиции и завршници на подиум, а со титулите се изедначи и веќе е во борба за осмата титула. 

Но, за Вилнев ова не е успех на Хамилтон туку плод на доминацијата на Мерцедс и тешко е да се спореди бидејќи Сена и Шумахер победувале во болиди кои не доминирале. 

Не би знаел да кажам. Михаел и Аиртон победуваа во болиди во кои не требаше да победуваат и во комплицирани ситуации во нивните тимови. Луис секогаш доминирал со најдобриот болид и со подршка на целиот тим. Треба да видиме што ќе се случи доколку ги нема овие две работи – посакува да види канаѓанецот.

Во однос на борбата за титулата оваа година, Вилнев смета дека Ред Бул ги има најголемите шанси. 

Ќе биде долга борба. Ред Бул имаат одличен болид, но направија грешка во Бахреин. Ја имаа победата и ја изгубија. Дури и под притисок Верстапен не греши. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ