Вилнев ќе тестира Алпин болид во Монца

Канадскиот поранешен Формула 1 шампион, Жак Вилнев, ќе го вози ланскиот Алпин А521 по трката за Големата награда на Италија во Монца. 

Тоа ќе биде прв пат тој да вози модерен болид од последната негова трка со БМВ Заубер на Хокенхајм во 2006 година. Шансата ја добива како прослава на 25-годишнината од титулата со болидот на Вилијамс со Рено мотор во 1997 година. 

Канаѓанецот возеше за тимот од Енстон на последните три трки во 2004 година покрај Алонсо.

Врската се случи поради Канал+, Алпин и Француската телевизија и поради тоа што победив пред 25 години со Рено.

Ќе го возам ланскиот болид на Монца и мислам дека ќе извозам голем број на кругови. Имам минато со тимот и Алан Перман беше мој инженер. Ќе биде возбудливо.

Сакам да ги разберам новиве болиди. Го пробав во симулатор и Не се импресивни при мали брзини, но се неверојатни при големи. Гравитациските сили се неверојатни. ДОбро е што има големи правци и не мора многу да сум подготвен. 

Тој призја дека управувачот е многу комлициран но не е загрижен. 

Се е навика, отсекогаш сум бил гејмер. На почеток е тешко, а подоцна е навика. Никогаш не престанав да сакам да се тркам.

Сега ми е цел да влезам во Наскар. По Дајтона оваа година ,сакам повторно да возам, Но имам работа со телевизијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ