Випс добива сесија со Ред Бул во Шпанија

Јуниорот на Ред Бул, Јури Випс, ќе добие прва тренинг сесија со екипата за време на Шпанското Гранд При викендов.

Естониецот кој се трка во Формула 2 годинава ќе го вози болидот на Серхио Перез утрово за време на првиот час проба по патеката крај Барселона. Сесијата на Випс доаѓа како дел од промените кои ги направи ФИА согласно кои на две петочни тренинг сесии екипите мора да им дадат шанса на јуниорски возачи со најмногу две Гранд При трки зад себе.

Випс беше логичен избор за Ред Бул затоа што е дел од нивната јуниорска програма неколку години, односно од трката во Макао во 2018 година, откако една сезона претходно стана германски Формула 4 првак. Од 2020 година има суперлиценца за Формула 1 затоа што има комплетирано доволно тест километри со Ред Бул.

Годинава тој служи и како резервист на тимот од Милтон Кинс како и сестринскиот АлфаТаури, а редовно е дел од пост сезонскиот тест а дебитанти во Абу Даби. Се трка во Формула 2 каде во моментов е на 6то место кај возачите, дел е од Хајтеч тимот, а најдобар резултат му беше 2ро место на спринтот во Саудиска Арабија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ