Випс и Лосон ќе добијат петочни сесии во Ред Бул и АлфаТаури

Јуниорите на Ред Бул. Јури Випс и Лиам Лосон ќе добијат шанса да возат на петочен тренинг во текот на оваа сезона. 

Според новите правила, тимовите мора да им овозможат на младдите возачи најмалку две петочни тренинг сесии во текот на сезоната. Випс веќе возеше на два постсезонски тестови во Абу Даби во 2020 и 2021 година и тој се очекува да бида зад воланот на новиот болид оваа сезона. 

Лосон беше негов колега минатата година во Формула 2, но оваа година ќе вози во Карлин покрај Логан Сарџант. Шанстата за тренинг за Лосон ќе биде во АлфаТаури со кои веќе заедно работеше. Франц Тост потврди дека тој е нивниот избор. 

Наш избор е Лиам Лосон, но Секако тоа е одлука и на Ред Бул. Моментално наши јуниори се Випс И Лосон. Тој тестираше во Абу Даби. Беше одличен и Сега вози во Формула 2, а подоцна ќе знаеме кои се следните чекори. 

Минатата година титулата ја освои Оскар Пиастри кој е официјална резерва во Алпин и тој ќе добие тренинзи оваа година. Сарџант е резерва на Вилијамс и тој може да добие тренинг заедно со Џек Аиткен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ