Випс: Марко е многу едноставен

Јуниорот на Ред Бул, Јури Випс, се развива под будното окоу на шефот на Ред Бул моторспорт, доктор Хелмут Марко, за кого вели дека е многу поедноставен доколку луѓето мислат, секако, доколку му носите резултати.

Низ годините, австриецот стекна репутација на човек кој е тежок за соработка, бара многу и често става огромен притисок врз младите возачи, притисок со кои тие не може да се справат. Но, програмата за малди возачи на Ред Бул која е директно раководена од него е позната по тоа што во спортот донесе фантастични возачи како Макс Верстапен, Себастијан Фетел, Даниел Рикардо и многу други.

Випс е роден во Естонија, во 2016 година се тркаше во Италијанската Формула 4 која ја освои следната година што му донесе место во Ред Бул Академијата со чија поддршка влезе во Формула 3 во 2018 година и Формулa 2 од 2020 година. Лани тој заврши на 6то место во јуниорската серија со две победи за себе, а имаше и неколку тестови во Ред Бул од кои последниот на оној наменет за млади возачи на Јас Марина.

Неговиот сон да стигне до Формула 1 е непроменет иако е свесен за тежинат која со себе ја носи соработката со Марко.

тој е многу поедноставен одошто луѓето мислат. ќе стави многу голем притисок врз вас, но ако ви оди добро, тогаш е многу добар и искрен. едноставно, бидете брз, носите резултати и се е во ред.

таква е јунорската програма на ред бул, ако ви оди лошо, ако не сте добар, тогаш ќе ве избркаат, ако не, тогаш одите во формула 1 – раскажа випс.

Младиот естонец е свесен за бруталната судбина која може да го снајде секој јуниор на ред бул кој не испорачува резултати, но смета и дека тоа е логично.

исфрлаат луѓе надвор од програмата, така е, но кој би сакал да продолжи да плаќа возачи кои не му носат резултати и немаат шанса да стигнат до формула 1. тие го сакаат само најдобриот талент и тоа е вистински пристап, ги чуваат најдобрите и им даваат шанса само на нив.

Годинава Випс ќе одработи втора цела сезона во Формула 1 и повторно ќе вози за Хајтек Гранд При.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ