Возачите договараат информативни кругови на дождливите трки

Формула е возачите разговараат за нова идеја која може да го подобри и олесни процесот на носење одлука кај дождливите трки.

По силниот дожд кој го зафати Сингапур и Сузука на последните две трки, возачите предлагаат подобро решение кое може да биде имплементирано со цел безбедно и брзо продолжување на трките. Тие сметаат дека проценка на патеката од безбедносното возило е далеку од идеална затоа што перформансите на возилото и прскањето кое возачот го доживува додека вози е неспоредливо со Формула 1 болид.

Ова може да донесе погрешни одлуки за продолжување на трките, но да ги измами гледачите дека условите се далеку подобри одошто реално се. По состноците на Асоцијацијата на Гранд При возачи одржан по трките во Сингапур и Јапонија, идејата е да се воведат информативни кругови, односно дозвола Формула 1 болидите да возат неколку кругови, сами или зад безбедносно возило за самите да искусат каква е патеката.

Потоа контролата на трка може да добие директни повратни информации од возачите по тие неколку кругови со цел да донесат конечна одлука дали е бебедно трката да продолжи.

Претседателот на ГПДА, Александер Вурц, верува дека тие информативни кругови може да бидат многу вредна алатка за да и се даде на ФИА многу повеќе информации во врска со условите на патеката, но и на фановите, во врска со тоа какви се реално условите на патеката и колку е безбедно да се вози.

директорот на трка треба да добие мислење и информации по тие информативни кругови за да може да се договори со екипите околу процедурите, така што за период од 10 минути би ги испратил болидите да кружат по патекта, како еден вид загревачки кругови.

во текот на тие кругови, возачите би ги виделе реално какви се условите, а директорот на трка би добил мислење од сите 20 возачи кои ризикуваат додека возат. така би донел одлука базирана на многу повеќе информации – посочи вурц.

Австриецот смета дека токму тие информативни кругови би биле многу корисни за официјалните лице затоа што би им помогнале многу околу видливоста за безбедно одработување на тркате.

исто така ќе биде подобро и за маршалите затоа што ќе дознаат каква е видливоста. ако не можете да видите каде се маршалите, не треба да возаите затоа што може да промашите некој сигнал поради видливоста.

во текот на тие кругови и маршалите би дале информација за условите на патеката, а директорот за трка би ги земал и тие информации во предвид за целосна слика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ