Возачите задоволни од одлуката да се брише поставено време при двојно жолто знаме

Формула 1 возачите го поздравија планот на ФИА да го брише секое поставено време под двојно жолто знаме, без разлика дали истото е поставено на тренинг сесија или пак на квалификации.

Проблемот со развеаното двојно жолто знаме настана на Турското Гранд При откако Фернандо Алонсо мина во таква зона на првата кривина и постави круг, но само поради тоа што следниот негов круг беше доста побрз, не доби казна оти се сметало дека драстично забавил.

Директорот за трка, Мајкл Маси, формално потврди дека ќе се воспостави систем сличен на оној со границите на патеките на претсојното Американско Гранд При.

секој возач кој ќе мине низ зона на двојно развеано жолто знаме од страна на машралите, мора значително да ја намали брзината и да биде подготвен целосно да сопре доколку тоа е потребно.

со цел стјуардите да бидат задоволни дека овие барања се исполнети, кругот постигнат по минување во таква зона мора да биде значително побавен од нормален круг. од практични причини, секој круг поставен со минување низ таква зона ќе биде избришан – напиша маси во своите белешки пред трката.

Сепак, тоа не значи дека болидот по минување низ двојно развеано жолто знаме треба да се врати во бокс, затоа што може да го комплетира кругот и да се подготви за следната летечка обиколка. Возачите се согласуваат со ваквата одлука на ФИА.

сега на сиет им е јасно, порано не беше така, а всушност суштината е иста. на овој начин нема повеќе никаков сомнеж затоа што штом видите двојн жолто знаме, забавете колку што може повеќе и подгответе се за следниот круг затоа што тој ќе ви биде избришан – задоволен е шарл леклер од ферари.

Никлас Латифи потенцираше дека промената всушност појаснува област која претходно била недоречена.

сега за сите е јасно како ден и ноќ. на квалификации двојно жолто знаме значи уништен круг, но ако патеката се суши или нешто слично, тогаш може и да извадите добар круг.

со единечно жолто знаме е поинаку, едноставно, возачот треба доволно да отпушти педал за гас за стјуардите да бидат задоволни со тоа.

но, двојното жолто знаме значи дека може да следува опасност и треба да бидете целосно пдоготвени за сопирање. тоа дека кругот ќе се избришен е одлично за нас, исто ќе бде за сите. се работи за сива зона која е присутна при мешани услови затоа што ако дожот престанува, патеката силно напредува.

Целосно губите можност да поставите време – дополни јуки тсунода.

мислам дека во најголем дел од ситуациите ова правило ќе биде добро, кругот ионака е уништен така што нема што да барате, а безбедноста ќе биде пред се. идејата е одлична.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ