Возачите на Алфа импресионирани од Сеидл

Возачите на Алфа Ромео, Валтери Ботас и Гуанју Жу, се импресионирани од новиот Главен извршен директор, Андреас Сеидл, кој дојде во екипата од Мекларен.

Германецот направи трансфер како дел од реструктуирањето на екипата кое го спроведува Ауди пред официјално д го превземе тимот во 2026 година. Тој нема да присуствва на сите трки годинава, таа работа ќе ја врши шефот на тимот, Алесандро Алуни Бреви, но финецот Ботас е импресиониран од плановите и насоката на Сеидл.

пред две недели за прв пат го запознав. тој е многу добар човек, пред се, но гледам дека е навистина многу мотивиран. се чини дека има јасна насока каде го води тимот и што да прави со луѓето за да ги мотивира, има одлична визија.

јасно е дека сеуште учи и прима многу инофрмации од луѓето за се во екипата и што се случувало во минатото. убеден сум дека е вистински човек за улогата – вели ботас.

Неговиот колега, кинезот Жу, исто така има позитивни впечатоци за новиот шеф.

последните неколку недели многу често бев во тимот и минав многу време со андреас. чувствувам дека дава се од себе да го мотивира тимот, полека разбира се што се случува во компанијата за да прилагоди многу работи.

гледам желба да го донесе тимот напред и мислам дека ни претстои одлична иднина заедно. вечеравме заедно и мислам дека е човек кој одлично го разбира техничкиот дел на спортот, ги познава возачите. мислам дека иако има голем предизвик пред мене како возач, сепак тоа нема да смени ништо во однос на тоа што сакаме да го постигнеме. треба да најдеме најдобар начин за работа.

не работи исто како што работеше фред, но секој има свој начин на работа. чув многу убави работи за него во инатото од оскар пиастри и нетрпелив сум да почнеме да работиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ