Возачите не сакаат да се загуби Барселона

Неколку Гранд При возачи сметаат дека губењето на Барселона од Формула 1 календарот ќе биде голема штета иако идејата за тркање на Зандворт во Холандија е допадлива.

Медиумите шпекулираат дека Холандија ќе се врати на календарот следниот Мај како прва европска трка, наместо Барселона која сеуште нема потпишано продолжување на договорот.

карлос саинз: како што јас знам, преговорите се во тек, а од задржување на трката корист ќе иамат барселона, шпанија и формула 1, големата награда на шпанија има голема историја во оваа тркачка серија и ќе биде вистинска штета да се загуби.

се надевам дека нешто ќе биде договорено, можеби не следната година затоа што тоа е предоцна, но трката мора да остане.

Пјер Гасли: Барселона е патеката на која имам возено најмногу километри и се надевам дека ќе се постигне договор. помислата за зандворт е интересно ако се оствари, но се работи за доста тесна патека.

сум се тркал таму само еднаш и предизвикот е голем. да се стават толку големи формула 1 болиди таму ќе биде кул искуство.

џорџ расел: ќе биде штета да се загуби барселона затоа што е прекрасна патека. но од друга страна зандворт е една од моите омилени и мислам дека патеката е нееројатна и има голем карактер.

патеката има тоа што и треб ада биде предизвикувачка и неверојатна за возење.

Даниил квјат: претекнувањето може да биде проблем затоа што има доста неверојатни летечки кривини, но модерните болиди се тешки за следње.

во формула 3 тоа беше мојата омилена патека, можеби заедно со барселона. штета е да се загуби таква класика.

макс верстапен: секогаш е тешко кога некоја трка ќе се отстрани од календарот, но во исто време ја немаме и малезија која беше одлична трка. можеби во иднина ќе се врати, никогаш не се знае. слично е со зандворт затоа што некое време недостасува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ