Возачите шокирани од преполовениот Хаас

Формула 1 возачите биле шокирани кога го виделе преполовениот болид на Мик Шумахер од Хаас по сударот на германецот од 27от круг на Гранд При трката во Монако.

Мик загуби контрола во комплексот кај базенот откако промени на мазни гуми, се изврте и заврши во Текпро бариерите крај патеката. Откако удри во оградата во десната страна од патеката, се заби во бариерите од другата страна, а задниот дел буквално се оддели од останатиот дел од шасијата. Остана менувачот и суспензијата посебно од кокпитот и возачот, но Мик веднаш излезе см од болидот и немаше никаков проблем.

Секако дека како мерка на претпазливост беше пренесен во медицинскиот центар, а подоцна изјави дека инцидентот бил супер необичен и не знае што се случило. Едуардо Фреитас, директорот за трка, првично објави виртуелно безбедносно возило, потоа обично и три кругови подоцна ја прекина трката за да се поправат бариерите.

во трите кругови додека се возеш езад безбедносно возило, возачите поминуваа до распаднатиот болид и беа вчудоневидени од сиката.

бев шокиран кога го видов менувачот целосно на страна од болидот. беше потребно некое време за црвеното знаме, но одлуката беше испрвна. мене искрено ми беше чудно што на почетокот имавме виртуелно безбедносно возило, а не венаш обично, но така беше решено – објасни пјер гасли од алфатаури.

Фернандо Алонсо изјави дека сударот бил огромен и ги обвини птешеките болиди.

не мислам дека е некаков проблем со болидот, туку се работи за силината на сударот. со овие болиди кои се тешки повеќе од 800 килограми, се удира со огрмна сила во ѕидот. се надевам дека нешто ќе научиме од сударот.

Себастијан Фетел, менторот на Шумахер, остана задоволен кога чул дека возачот е во ред.

многу е лесно во монако да се погрши, но не знам што се случи, не го видов водеото, а главно и најважно е дека тој е добро. нема сомнеж дека мик може многу повеќе од она што го покажува во моменов, затоа треба да му се дае време и да се тргне притисокот од него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ