Волф очекува набиениот формат на Имола да ги “зачини“ работите

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, очекува краткиот викенд за Големата Награда на Емилија Ромања на Имола да ги “зачини“ работите откако Формула 1 ќе се врати таму за прв пат по 2006 година.

Додека тимовите се соочуваат со двојни последователни трки по Португалија, Формула 1 се обиде да ги олесни работите со промена на викендот на само 2 дена. Тимовите и возачите ќе имаат само една тренинг сесија во Сабота наутро во траење од 90 минуги, а тоа ограничување може да остави простор за многу грешки.

Покажавме добра форма во Портимао откако се загреаа пневматиците и си заминавме со максимални поени, зголемувајќи ја предноста во првенството. Нашиот фокус сега е кон Имола, која е уште една патека на која не сме биле долго време. 

Тоа е патека со многу историја, но Мерцедес се немале тркано досега таму, така што имаат повеќе непознати пред викендов.

Искусуваме непознат распоред, без тренинг во Петок и само една тренинг сесија во Сабота. Имавме неочекуван вовед во тоа по ситуацијата на Нирбургринг и врнежите. Може да очекуваме метеж во сесијата додека тимовите се обидуваат да го искористат времето. Ќе биде многу важно брзо да собираме податоци и да бидеме конкурентни во квалификациите и трката.

Видовме возбудливи трки на новите патеки годинава, а краткиот викенд ќе ги зачини работите, што значи дека фановите ќе уживаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ