Воулс: Сарџент мора да се подобри

Како и Ник де Врис во АлфаТаури, така и неговиот колега Логан Сарџент од Вилијамс веќе се под притисок за својата позиција во првата Формула 1 сезона во нивната кариера. 

Младиот американец ја вози својата прва сезона, но не може да му парира на колегата Алекс Албон. Новио тшеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, изјави дека го донел Сарџент во тимот бидејќи бил брз. 

Тој мора да научи да го контролира болидот и да испорачува. Не очекувам да му парира на Алекс, Но има веќе неколку трки зад него каде не возел до сега – посочи поранешниот прв стратег на мерцедес.

Се верува дека поранешниот шеф на Воулс, Тото Волф, бара место за германецот Мик Шумахер и тоа може да го добие како замена за Сарџент. Шумахер е резерва во Мерцедес, но сака што побрзо да се врати на гридот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ