Воулс: Сарџент треба да се поправи

Тимскиот шеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, го предупреди Логан Сарџент дека мора да се подобри во иднина, да има повеќе контрола над тркачките викенди за да испорача резултати за себе и за тимот.

Американецот кој дојде од Формула 2 импресионираше со својата брзина, но имаше проблеми и грешки на првите пет трки сезонава, а јасно е дека како дебитант во спортот мора многу да учи. Имаше судар на квалификациите во Џеда, контакт со Ник де Врис на рестартот во Австралија, го пропушти спринтот во Баку поради проблем на спринт квалификациите, а на домашното Гранд При имаше контакт во првиот круг со Ленс Строл.

Воулс знае дека Логан ја има потребната брзина, само му треба константност за да дојде на нивото на колегата Алекс Албон.

логан е овдека затоа што е брз и може да испорача, но мора да почне да има поголема контрола врз своите трки и да дојде до добар пласман. на двете квалификациски сесии во баку дојде до средниот сегмент, тоа е константност и тоа ни треба од него.

веќе му објаснив дека е доволно брз и дека треба во к2 да стекнува искуство и да ја подобрува формата. тоа е она што го очекуваме од него и сигурну сме дека полека ќе почне да го остварува.

не очекувам веднаш да дојде до нивото на алекс, но видов дека имаше силна спринт трка, а никогаш во животот не возел форула 1 спринт. во мајами беше разочран, а имаше само 3 десетинки разлика помеѓу него и албон во првиот дел од квалификациите, седум болиди во три десетинки, тоа е многу блиску и тој отпадна – посочи воулс.

Џејмс не го обвини својот возач за контактот од првиот круг на последната трка, посочувајќи дека било добро тоа што ја комплетирал целата трка возејќи на празна патека и учејќи многу.

контактот беше тркачки инцидент, беше крај астон мартин болидот, немаше доволно место и дојде до контакт. не беше задоволен потоа, но така е секогаш кога ќе погрешите и имате контакт. но, доби повеќе од 50 кругови во кои го проучуваше болидот и сигурно дека научи премногу работи.

тој е дебитнт, има малку трки зад себе и грешките се неизбежни, но важно е да научи од нив. ако ја погледнете неговата брзина, ќе видите дека е брз. во моментов е фрустриран затоа што сака викенд без проблеми, а тешко го добива.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ